Милениум е компанија основана од Марина Мичиќ (1971-2020), во Скопје во 1998 година.
Во неа работи искусен тим од архитекти, со повеќегодишно искуство од областа на дизајн на мебел, ентериери, објекти и фасади, подготовка на техничка документација и проекти, како и надзор на градежните работи. Компанијата има дизајнирано и изведено станбени згради, деловни објекти, резиденцијални простори, верски објекти и индустриски капацитети.
Покрај богатата референтна листа со проекти и изведби, Милениум редовно учествува на изложби од локален карактер :
-Биенале на македонската архитектура
-Архитектура Скопје
-Голема Годишна Награда за Архитектура
и на светски изложби како:
-20 УНДЕР 40 во Истанбул, Турција
-ЛЕОНАРДО 2005 ВО Минск, Белорусија