Сценографија за емисијата “Ред Хот”-1
[masterslider id=”105″] Емисијата Ред Хот има културно – забавен карактер и е наменета за тинејџери и млади луѓе.Во согласност со намената и концептот изработивме сценографија на мала квадратура каде преовладива кругот како структурална тема и која изобилува со интензивни бои и различни форми кои го менуваат правецот. Сценографијата го прати концептот на 2 водители – машко и женско и таа двојност иницираше да ги обликуваме елементите во пар, но да бидат различни по боја, правец и насока, така да со нивно наизменично кадрирање се добие разновидност од слики во емисијата.