Сценографии 2004 – 2005

Сценографии 2005 - 2004

Сценографија за емисијата “Ред Хот”-1
[masterslider id=”105″] Емисијата Ред Хот има културно – забавен карактер и е наменета за тинејџери и млади луѓе.
Во согласност со намената и концептот изработивме сценографија на мала квадратура каде преовладива кругот како структурална тема и која изобилува со интензивни бои и различни форми кои го менуваат правецот. Сценографијата го прати концептот на 2 водители – машко и женско и таа двојност иницираше да ги обликуваме елементите во пар, но да бидат различни по боја, правец и насока, така да со нивно наизменично кадрирање се добие разновидност од слики во емисијата.

Сценографија за емисијата “Ред Хот”-2
[masterslider id=”106″] За потребите на емисијата Ред Хот е изработена уште една сценографија. Овој пат врз неутрална позадина се издвојуваат површини со интензивна боја и разиграна траекторија на движење, со што се внесува динамичност. Сите вертикални површини се различно третирани со цел во секој различен поглед од камерманот за се овозможи различна слика и изглед.

Назад